Се облеков во бело
кога го требеше оризот
а ти успеа да го видиш
само црнилото под ноктите
од требењето земја
наметнувајќи го снегот врз себе
Сега
кога се облеков во црно
ти мораше да исчезнеш
низ прозорецот
Да ја оправдаш мојата облека
Не сфаќам
зошто
оправдувањето сè уште трае.