Со глас на светица
ме замоли
да го искубам
белото влакно
што ти ја грубеше
косата
Како да вадев
скршен клуч од брава
низ чија клучалка
ја гледав баба ти
како спокојно
го стега единственото
црно влакно во белината
да не се истури
среде ручек
чиј мирис ме канеше
тоа да го сторам
што побргу.
Дојдов од друг свет
АвторНикола Маџиров