Project Description
![Корана Сердаревиќ](https://blesok.mk/wp-content/uploads/media/authors/korana-serdarevic-photo.jpg)
Корана Сердаревиќ е родена во Задар во 1982 година, каде што завршила осново училиште и гимназија. На Филозофскиот факултет во Загреб дипломирала хрватски јазик и книжевност и компаративна книжевност. Работела како новинарка за култура во Вечерњи лист и во неделникот Форум, а била и соработничка во неколку неделници и портали. Од 2013 година е вработена како гимназиска професорка, а хонорарно се занимава со превод од англиски јазик. Во 2013 година освои две први награди за кратки раскази, а објавувала во сите релевантни книжевни списанија и на Третата програма на хрватското радио. Среќно живее во Загреб како сопруга и мајка на близначки. Збирката „Нема што да се прави“ ѝ е прва објавена книга.