Биљана Рајчинова-Николова

/Биљана Рајчинова-Николова
Биљана Рајчинова-Николова 2024-04-27T10:14:14+00:00

Project Description

Биљана Рајчинова-Николова (1975) дипломирала на интердисциплинарни студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. На Институтот за македонска литература во 2013 година го одбранила магистерскиот труд на тема: Егзодусот, егејското прашање и другоста, а докторирала во 2017 година на тема: Концептите на поимот идентитет во македонските печатени медиуми. Истражувачки студиски престој остварила во Белград, Р Србија и во Љубљана, Р Словенија. Запишана е на Факултетот за медиуми и комуникации на Универзитетот „Сингидунум“ во Белград, Р Србија, на студиската програма „Трансдисциплинарни студии на современата уметност и медиумите“, каде што работи на својата втора докторска дисертација Телевизијата и репрезентацијата на националниот идентитет (студија на случај „Проектот Скопје 2014“). Поле на истражувачки интерес ѝ е науката за култура, а потесна област на научноистражувачки интерес ѝ се: македонската современа литература, културолошките студии, студии за идентитетот, студии за медиуми и комуникации. Авторка е на седумдесет стручни и научни трудови од овие области, објавени во домашни и меѓународни списанија и зборници на трудови. Учествувала на меѓународни и национални научни симпозиуми и конференции во земјата и странство. Ги објавила книгите: Идентитетот и медиумите, МИ-АН, Скопје, 2019 и Егзилот, егејското прашање и другоста, МИ-АН, Скопје, 2021. Од 2021 година Рајчинова-Николова е вработена во ЈНУ Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, во Одделението за македонска литература во XX век.

Related Articles