Project Description

Петар Мазев, биографија
Роден 1927-та во Кавадарци, починал 1993-та во Скопје. Завршил Академија за ликовни уметности 1953-та во Белград во класата на проф. Зора Петровиќ. Истата година станува член на ДЛУМ и почнува со излагање на групни и самостојни изложби.
Студиски престојувал во повеќе европски земји.
Во 1959-та станува професор на Архитектонскиот факултет во Скопје а во 1980-та избран е за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде што останува сè до пензионирањето. Добитник е на многубројни награди, меѓу кои: „Сапиро“ во Париз (1959), „11 октомври“ (1961), „13 ноември (1965), „Никола Мартиновски“ за цртеж (1981), награда за сликарство на СЛУЈ (1981), награда за сликарство на ДЛУМ (1987) и др.
Самостојни изложби:
1958 Скопје, Дом на културата на ДСВР (со Драгутин Аврамовски);
Куманово, Работнички универзитет (со Драгутин Аврамовски)
1959 Скопје, Дом на културата на ДСВР (со Иван Велков и Спасе Куновски)
1960 Скопје, Дом на културата на ДСВР (со Спасе Куновски)
1963 Кавадарци, Фискултурен дом
1966 Скопје, Музеј на современата уметност (Салон на „Ѓуро Салај“)
1968 Скопје, Сарај, Ателје на Петар Мазев, Вечер на музика, поезија и сликарство
1970 Скопје, Уметничка галерија
1973 Скопје, Сарај, Ателје на Патер Мазев, Вечер на амбиентална уметност (со Симон Шемов)
1976 Скопје, Музеј на современата уметност
1981 Њујорк, Културно-информативен центар на Југославија
Питсбург, Russian Images Gallery
1982 Скопје, Уметничка галерија
Струга, Струшки вечери на поезијата
Ниш, Изложбен павилјон и „Салон 77“
1983 Кавадарци, Хол на салата на ДТВ Партизан
Сараево, Galerija “Roman Petrović”
Загреб, Galerija “Forum”
Бања Лука, Изложбен салон на Домот на културата
1984 Охрид, Хотел „Метропол“
1985 Скопје, Центар за култура и информации, „Љубов во пеколот“, гвашеви,
1987 Врњачка Бања, Културен центар „Замак културе“
Белград, Галерија „Вид“ (цртежи),
Галерија на Домот на младите (слики)
Младеновац, Галерија „Вид“ (слики и цртежи)
Струга, Народен музеј
Струга, Спомен дом на браќата Миладиновци Скопје,
Салон на ДЛУМ и Ателје – Сарај, Игра со боја
1988 Скопје, Галерија „Компас“
1989 Љубљана, Galerija “Kompas”
1990 Скопје, Музеј на современата уметност, Монографско-ретроспективна изложба
Велес, Ликовен салон
Куманово, Уметничка галерија
Виена, Kleine Galerie (со Боро Митриќески и Јожеф Муховиќ)
1991 Струга, Хотел „Дрим“
1992 Скопје, Културно-информативен центар за демилитаризација,
Ликовен портрет на Петар Мазев
Скопје, Галерија Стоби
1998 Скопје, Музеј на современата уметност “Genesis” (со Петар Лубарда)
2001 Струмица, Манастир „Св. Јоаким Осоговски“, Изложба на дела создадени на ликовната колонија „Св. Јоаким Осоговски“
2005 Скопје, Музеј на современата уметност