Project Description
![Марко Вилиќ](https://blesok.mk/wp-content/uploads/2019/01/Photo-7-27-18-12-51-48_1000.jpg)
Марко Вилиќ е роден на 06.01.1997 во Скопје. Со фотографија се занимава веќе неколку години, а во тој период има посетено неколку работилници за фотографија и има изложувано фотографии на Паратисима во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Има документирано повеќе настани за КУЛА, организација на млади уметници, меѓу кои спаѓаат работилници, мали концерти и изложби, па и настанот наречен Под Земја Полесно се Дише кој се одржа по 6ти пат во 2018тата година.
Живее во Скопје.