Project Description

Клаудија Улоа Доносо е родена во Лима во 1979. Студирала туризам во Перу, социологија во Норвешка и магистрирала шпанска книжевност на универзитетот во Тромсе. Автор е на збирките раскази: El pez que aprendió a caminar (Рибата што научи да оди), Séptima Madrugada (Седмата зора), и Pajarito (Птичка). Нејзините раскази се публикувани во повеќе антологии издадени во Латинска Америка, Франција и др.
Во 2017 вклучена е на листата Богота39 за најнадежни млади автори од Латинска Америка.
Живее во Бодо, во северниот дел од Норвешка каде што предава шпански и норвешки јазик.