Project Description
Елизабета Секирарска е професор во СОУ „Перо Наков“ – Куманово. Предава Менаџмент и бизнис планирање.Активно работи на имплементација на современи интерактивни методи и техники во наставата и како обучувач и развивач на компјутерски алатки за работа во наставните предмети. Беше член на уредувачкиот одбор на педагошката ревија „Воспитни крстопати“, каде објавува свои стручни трудови, од кои дел се наградени. Колумнист за Факултети мк, Рес публика, Куманово њуз. Го сака, почитува и негува пишаниот збор како дел од личниот израз. Во 2013 година е прогласена за Просветен работник на годината за град Куманово, како и за Најдобар просветен работник на државно ниво во категоријата средни училишта.