Project Description

Дарин Ангеловски (Скопје, 1977 г.) Дипломирал Класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрирал Културолошки студии (во книжевноста) на Институтот за македонска литература во Скопје на тема: Индентитетите во транзициските процеси (врз примери од македонската и од бугарската проза).
Објавува студии и есеи од областа на книжевните врски, класичната филологија и културологијата. Автор е на книгата Индентитетите и транзицијата (2014). Член е на уредувачкиот одбор на меѓународното славистичко интердисциплинарно списание Филолошки студии. Работи како истражувач во одделението за македонско-балкански книжевно-историски врски при Институтот за македонска литература во Скопје.