Project Description
Владислав Христов е роден во 1976 година во бугарскиот град Шумен. Објавил бројни дела во книжевната периодика и две книги: Фотографии на деца (кратка проза, 2010) и Енсо (поезија, 2012, номинирана за наградата „Иван Николов“), Фи (поезија, 2013). Член е на меѓународната Фондација за хаику и добитник на први награди на следниве натпревари: натпревар на LiterNet & eRunsMagazine (2007) за кратка проза, трет национален натпревар за хаику на слободна тема во 2010 година, и на меѓународниот натпревар „Црешови цутови“ (2011). Три години по ред е меѓу стоте најкреативни хаику автори во Европа. Неговата хаику поезија е објавена во изданијата на американското хаику здружение Frogpond, светскиот клуб на хаику World Haiku Review, како и во: Simply Haiku, Whirligig, Sketchbook, The Heron’s Nest, Мodern Haiku, Notes from the Gean, Lynx, Naiku Heute, Asahi Haikuist Network, The Mainichi Daily News, Granta, меѓу другите. Делата на Владислав Христов се преведувани на англиски, германски, француски, шпански, италијански, јапонски, руски, арапски и унгарски. Организатор е на многу иницијативи за популаризација на хаикуто во Бугарија, како и на хумантирниот проект „Оризови полиња“, наменет за поддршка на жртвите од земјотресот во Јапонија во март 2011 година.