Project Description
Валентино Димитровски (Скопје, 1954), историчар на уметноста и ликовен критичар. Дипломирал во 1977 година на Универзитетот во Скопје. Од 1978 до 2004 работел во Институтот за заштита на споменици на културата на Република Македонија. Од 2005 година работи во Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство, Скопје. Од 1978 година објавува статии на теми од историјата на уметноста, архитектурата и други теми. Некои од неговите публикации вклучуваат: Светот на Симон Шемов во списанието Македонска ревија; 12 Peinteres Contemporains Macedoniens a Paris, Section macedonienne de l AICA, (SPADEM PARVI, Paris, 1995); Ордан Петлевски (монографија, Galerija Klovicevi dvori, Zagreb, Музеј на современа ументост, Скопје, 1999); Третманот на монументалната отоманска архитектура во урбанистичките практики во Македонија, Balkanlar‘da Kulturel Etkilesim ve Turk Mimarisi Uluslararas? Semposyumu (Bildirileri Cilt 1, Sumen 2000); Феноменот на ументоста на дваесеттиот век, Large Glass magazine, Скопје 2000, и други.