Превод од англиски: Македонка Божиновска
Со колкав мал простор
што му остана меѓу рацете
се обиде да пресоздаде
вселена: со солза,
нацрта ѕвезда, со поглед месечина,
а со еден допир, сонце.
Кога ги затвори очите,
луѓето заминаа на работа
по тротоарот од неговите очни капаци.