Денес е тој ден, денес
се слави име на непознат светец.
Нашето дете
ќе го носи неговото име
и ќе ги кажува молитвите
под кои никој не е потпишан.
Денес е тој ден кога
нечиј глас од витражите
ќе се врати во различни бои.
И мојата кашлица е повик
по некого кого го нема.
Денес е тој ден кога
детството проаѓа незнајно
како топол воздух
низ гради на сонувач.