Сето ова се случи
на бреговите од езерото
во државата Висконсин,
кога Лари ми ја отстапи
неговата гостинска куќа.
Една мала куќа
со фотки по ѕидовите,
со бања, кујна и туш,
со пијано, машина за пишување
и салон.
Лари тогаш не знаеше,
дека пред тоа бев живеел
кај семејството Василеви,
коишто многу се плашеа
дека ќе станам алкохоличар,
иако нивниот син беше
алкохоличар и една ноќ
ми го украде телевизорот.
Потоа бев живеел кај Крум.
Кога влегов во неговата бања
соседката списка,
дека ходниот е целиот поплавен.
(Мислам дека Крум не се имаше
капено десет години.)
Лари, исто така, не знаеше
дека бев живеел кај Симон,
на улица Раковски.
Убава беше таа соба,
ама немаше прозорци.
Купив една малечка ламба,
што ја вклучував ноќе,
за да не се будам
како во сандак.
Бев живеел дури и во една визба,
во касарната,
со Гонзо – буцмаст сирак,
кој секое утро
отвораше очи
и палеше цигара.
Лари, пријателе,
колку работи ти не знаеш!
Ти благодарам,
што ми ја отстапи
твојата гостинска куќа.
Благословен биди,
оти сега овие стихови ги пишувам
на твојата машина за пишување.
Езерата во Висконсин
АвторИван Христов