Превод: Теа Дуза
Многу луѓе велат дека не сакаат поезија, а и не е тешко да се види зошто: Mрачен Поет кој ни ја презентира својата поезија на поетски читања и монотоно мрмори; необичните зборови и формулации; лични исповеди кои можеби е најдобро да се споделат со својот психијатар или со свештеник. Можеби сето ова е вистина, но тоа не значи дека се целосно за фрлање. Поезијата е вроден дел од човечкиот јазик, почнувајќи уште од религиските пеења интонирани во одреденa звучна шема. Грчките претстави кои забавувале и подучувале исто така обрнувале посебно внимание на метриката на јазикот. Бардот, еден од најголемите англиски стилисти, ни дал дел од најдобрите примери на рима во неговите сонети. Голем дел од еповите ширум светот се усно пренесени, па така римата е корисно средство коe му помага на рецитаторот да го запомни текстот. И да не ја заборавиме тесната врска помеѓу поезијата и музиката – сите песни низ времето, уште од раните балади, па сè до блузот, рапот, операта – кога помислуваме на песна, веднаш мислиме на зборови кои се римуваат.
Во современ, образовен контекст, можеби на римата гледаме потценувачки поради нејзината асоцијативна врска со детската литература. Римата е таму за да ги научи децата на различни гласови, прозодија (редоследот на звуци и интонација во една фраза/израз) и вокабулар. Ако некое дете го знае зборот “book” (книга), тогаш тој/таа може да додаде и друг збор кој звучи исто како првиот, а започнува со друга буква, како “look” (гледа). Американските деца пораснале со еден од кралевите на римата, Теодор Сус Гајзел (Theodore Seuss Geisel), попознат како д-р Сус. Земете ја предвид една од најпродаваните детски книги на сите времиња, Чај и локум, каде што упорниот Наум-јас-сум ги тера другите ликови да ја пробаат храната , а тие ја одбиваат:
„Дали сакаш чај и локум?/ Јас не сакам, Наум-јас-сум./ Јас не сакам чај и локум.1F“ каде се повторува римувањето на „локум“, „Наум“ и „сум“ за децата да се запознаат со гласот „ум“. Забележете ја играта на јазикот, како и акцентот на слоговите. Вака децата полесно ќе ги запомнат зборовите, а најпосле, секој читател ќе ја почувствува играта со јазикот.
Ако се навратиме кон Западната култура, ја забележуваме употребата на рима во уметничката форма која ги соединува музиката и зборовите: операта. Еден од највештите либретисти е Лоренцо да Понте (Lorenzo Da Ponte), кој веројатно соработувал со Моцарт на трите негови најпознати опери, Don Giovanni, Così fan tutte и Le Nozze di Figaro. Треба само да се прочита либретото како текст за да ја цениме поетичноста на јазикот, нагласените слогови и ритамот и римата. Да ја земеме за пример последната сцена од Don Giovanni, во која командирот доаѓа да го предупреди Дон Џовани дека ќе оди во пеколот ако не се покае:
Командирот: Parlo, ascolta più tempo non ho. (Ти зборувам, слушни ме, немам повеќе време)
Дон Џовани: Parla, parla, ascoltando ti sto. (Зборувај, зборувај, те слушам)
Наредбата слушај, „ascolta” одѕвонува со повторувањето на зборот во прво лице герундив, „ascoltando”, те слушам. „Ho” се римува со „sto”, но и внатрешно се римува со „parlo.”
Meѓутоа, дали римата е сè уште потребна? Во оваа ера на постмодернизам и цинизам, исповедна поезија и скептични деконструктивисти на јазикот, кој пишува во рима освен авторите на книги за деца? Ова е ставот на поетот Коди Вокер (Cody Walker) од Универзитетот во Мичиген, кој често пишува во лесни стихови2F . Еве доказ дека римата е сè уште жива и во модерни времиња:
Cradle Song3F