Анализа на една катализа

/, Критика, Литература/Анализа на една катализа

Анализа на една катализа

2. Павле го посетува ИМОТ Добровац. (Имотот, сега во пропаѓање, беше ја започнал славната историја пред 150 години со женењето на предокот за Унгарка. Историјата оди вака: прадедото на Људмила, Карло материјалистот, е раст на фамилијата, од семејниот портрет се смешка мазно зачешлан и подбричен господин. Следната генерација веќе покажува знаци на декаденција: дедото го поплочува подот на замокот со уметнички плочи, кровот го извишува со готски ѕвона. Тоа е човек кому мерките му се тесни.
Бабата, обратно од него, се чувствува загрозена и во зададените мерки. Надзорот над имотот е ограничен од димензијата на прозорецот на кој виси по цел ден, тој и го одредува видокругот. Таа плаќа градител кој не смее ништо да гради, оти извесна жена предупредила, дека оној момент кога некоја градба ќе се заврши, таа ќе умре. Бабата и дедото се опозити и тие го раѓаат таткото кому опозитите му се смешани во генот: тој е вегетаријанец, но страст му е ловот,.. И сè во тој стил. Фамилијата тоне во декаденција и имотот среде тоа пропаѓа. Насловот на романот е : „Пропаднати дворци“.)
3. оттука Павле навраќа кај СТРИКО МУ И СТРИНА МУ. (Старите живеат богуугодно, во хармонија и мир. Поинаку е тоа со нивните деца – мали медиокритетчиња, несимпатични, помодни и кавгаџии).
4. кај нив доаѓа на гости човек кој екстатично брани СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ-ски идеи.
5. Павле вечерта се враќа дома и пак го среќава КЛУЧАРОТ, кој овојпат во една бурна сцена опијанет – плаче, преплашен дека ќе умре.

II ДЕН:

6. Утрото Павле во својата соба го гледа акварелот на ИМОТОТ Добровац, сочуван во позлатени рамки.
7. МАЈКА МУ му носи кафе. Со ТАТКО МУ оди на лозје. (Контактира со двете страни на актуелниот, нов семеен судир што се повторува секојпат кога ќе се обелодени дека неговата дарежлива мајка подарила нешто некому, со што силно го изнервирала скржавиот сопруг).
8. На враќање од лозје, го здогледува СОЦИЈАЛДЕМОКРАТОТ уапсен, спроведуван низ улиците од тројца полицајци.

4. Кругови

Овие епизоди не се безначајни. Сезнаечкиот раскажувач нè упатува дека: „… Доживљаји од јуче и данас дојмише га се … Његове се мисли изнад тих локалних прилика дигоше к опченитом посматрању друштвеног поретка. Пред њим се појавише сва главнија раздобља људског друштва са својим обијележјем“, сè до конечната реченица: „Све јасније, ниједно људско дело није савршено.“6F Финалето на оваа сцена е прелетување на гавран – во митологијата на овие простори злокобна птица.

Внимателното загледување на претходно наброените сцени ќе покаже дека ова медитирање над човечката историја се случило откако се извршило двојно кружно движење. Прв круг 1. средба со клучарот 2. со имотот Добровац 3. со стрикото и стрината 4. со социјалдемократот. Втор круг: 1. средба со клучарот 2. со сликата на имотот Добровец 3. со мајката и таткото (кои функционираат како еквиваленти на стрикото и стрината од првиот круг) 4. со социјалдемократот.

#b
6. Ibidem, стр. 61, 62.

АвторЈасна Котеска
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Критика, Литература|