Сања Шуплевска Боирал е истакната виолинистка, која во текот на својата извонредна кариера настапува со голем број високо посветени музички уметници од повеќе делови на светот кои меѓусебно се разликуваат по нивниот менталитет и образовно потекло, како и интерпретативна филозофија. Нејзината професионална кариера покажува очигледен избор да го искуси виолинизмот во класичната музика на сите истанци, вработувајќи се во повеќето нејзини формални поставки – соло, камерни, симфониски, оперски, балетски, филмски, едукативни, експериментални и други позиции на класичниот виолинист на денешницата.
Родена во Скопје, Македонија, Г-ѓа Шуплевска е дел од три генерации музичко семејство, нејзините родители земаат активни улоги во втемелувањето на значајни институции, како што се првите Македонски национални оркестри, Македонската Радио Телевизија и фестивалот Охридско Лето. Нејзиниот професионален пат започнува со Македонската Филхармонија како најмлад член на оркестарот, а подоцна се здобива со значајни позиции како што се: заменик концертмајстор во Македонската национална опера и балет; концертмајстор-менаџер и меѓу основачите на оркестарот FAME’S (филмски-музички оркестар кој снима за продукции на Лос Анџелес, Мексико Сити и Париз); камерниот оркестар Леополд Моцарт во Салцбург, Австрија; децениски член на меѓународно еминентни оркестри во Канада како што се Филхармонијата на Калгари и симфонискиот оркестар Оканаган; професор по виолина на престижниот Канадски конзерваториум за исклучително талентирани млади музичари на Универзитетот Маунт Ројал; професор по виолина и камерна музика на Универзитетот Амброз во Калгари; како и сопственик на училиште за виолина во нејзиниот сакан град Кенмор во националниот парк Банф на Кандските Rocky Mountains.
Како концертмајстор и уметнички директор Г-ѓа Шуплевска, исто така е активна и меѓу основополжниците на неколку ансамбли за камерна музика во Маедонија и Канада како што се: Синфонија Алберта, Tres Belles Piano Trio, Skopje Ladies Orchestra, фестивалот Крушевско лето, ансамблот ИН МЕДИАС РЕС, Канадскиот музички центар во Скопје, Асоцијацијата Детски Свет, Уметничкиот Центар ПОЛИФОНИЈА во Скопје и др. Како солист и во рамки на ансамблите во соработка со нејзиниот менаџер и советник Орце Ицковски, Г-ѓа Шуплевска се стреми кон автентична изведба на музичките дела, земајќи активна улога во реализација на иновативни проекти (барокни, експериментални и едукативни) поддржани од Министерството за култура на Македонија. Нејзините концерти и проекти претставуваат пример за музичка разновидност, пасија, посветеност, интензивирање и проширувње на културната врска со различните стилови и жанрови преку соодветна артикулација истовремено и сосема лично музичко толкување. Таа верува дека афирмацијата на разновидноста го продлабочува професионализмот, инспирацијата и наследството, а искуството ја интензивира врската со музичките дела и нивните автори. Притоа познавањето на стилови и карактеристики во артикулацијата при изведбата овозможуваат публиката да ги почувствува (да се поврзе со) – дури и за момент – околностите, местата и сензибилитетот на времето од кои се појавиле музички дела кои ги слуша.
За време на студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Г-ѓа Шуплевска беше победничка на бројни натпревари во поранешна Југославија и честопати настапуваше низ Источна Европа. Во 1994 година, таа ја започна својата специјализација на Факултетот за музички и изведувачки уметности – Универзитетот МОЦАРТЕУМ во Салцбург, Австрија каде студираше со истакнати виолинисти, вклучувајќи го и легендарниот Руџеро Ричи, а настапуваше со различни Австриски ансамбли низ Западна Европа. Во 2000 година ги завршува своите магистерски студии на Универзитетот во Калгари, Канада здобивајки се со титулата Мастер.
Покрај тоа, Г-ѓа Шуплевска зборува и владее неколку светски јазици, вклучувајќи Англиски, Германски и Француски, како и јазиците од Балканските земји. Поради нејзиниот сестран професионален пристап таа се одликува со префинети способности за креирање на успешни мултимедијални и мултикултурни програми и проекти во согласност со маркетинг-стратегии кои привлекуваат неколку типови публика. Таа е честа гостинка на Канадски и Македонски жири на натпревари како и телевизиски програми за класична музика и програми кои се однесуваат на културниот живот и образование. Таа е автор на серија детски музички претстави и курикулум за настава по камерна музика, создадени на модерен и креативен начин со цел интензивирано поврзувањето на децата и студентите по музика со класичната музика, со што и Европската традиција, историја и културно наследство. Нејзиниот избор да живее и да твори во различни земји и средини, овозможил дијалог кој секако резултира во ширење на македонската култура и национални творечки хоризонти.
Овој албум Airs, Dances, and the Lost Tango, е посветен на децата на Сања Шуплевска, нејзините Веда и Адриен Боирал, истовремено инспириран од родителите Гаврило и Светлана Шуплевски… поради нивната животна радост и хуманост, нивната наклонетост кон класичната музика во својата земја, како и поради убавите сеќавања за нивната взаемна љубов, шеги и смеење при свирењето песни и танци навечер дома по концертите.