Додека има музика…
Со чекањето пропаѓаат опциите, а шанси има сѐ помалку. И што си постар, новите шанси сѐ потешко го забележуваш. Се прешалтав на другиот албум и останав на него. Always Say Goodbye стана албум на моите потраги. Добро би било сега Шодан да е овде, да не мораше да се врати во Холандија заради својата акција. Никогаш не знаеш каде ќе те однесе новата трага, но сигурен сум дека неговиот поглед на нештата и тоа како би ме ослободил од некои дилеми. Ми останува шапката да ја наместам уште еднаш.
„Клавишитес е попостојани и од самиот живот, ти го враќаат она што го вложуваш во нив, никогаш помалку. Во четириесеттите Бад Пауел имаше гориво во крвта и сѐ пламтеше; Телониус Монк свири чудесно и прекрасно оти се чувствува чудесно и прекрасно. Клавирот беше првата сигурна и искрена работа во мојот живот, можев да му пријдам како сакам и да доживеам неуспех или да бидам добар. Без заобиколувања и молскавично.“
Што се однесува до Монк, во право си Хејс, старо момче. Нека ти е лесна дроги-џезерската земја. Тешко дека ќе најдеме попрекрасно и почудесно суштество од Телониус Монк. А ова нека ти биде и последната лекција за денеска; гледам некое движење таму кај влезот во паркот. Тоа е знакот што го чекав, акцијата почнува. Следниот потег е мој.