видео инсталација
Предизвикувач е дел од еден циклус на инсталации во кој авторката е инспирирана од циркусот. Фрлањето на ножеви и гаѓање во жива мета служи за забава на луѓето. Изложувањето на опасност и гледањето на луѓе изложени на опасност за многумина е чин на најслатко задоволство. Авторката го изложува своето тело на погледите на другите. Таа во исто време и предизвикува, но е и ранлива. Станува мета на погледи, копнаж, а од друга страна и цел на напад, рани и злоупотреби. Ножевите околу неа не се само фалусен симбол, симбол на смртта туку и орудие за разубавување (естетска хирургија) и ритуални украсувања на жените во некои племиња чии методи ги користи и современата жена.