Музата мора да танцува

/, Галерија, Блесок бр. 98/Музата мора да танцува

Музата мора да танцува

#1 “MUZE MUST DANCE” е дело на ликовниот уметник Ангел Миов, кое годинава беше изложено преку проектот “Global Village 2014” во тврдината Fort (bij) Abcoude, Амстердам – Холандија, Минхен – Германија и Копенхаген-Данска. “Global Village” е меѓународен проект кој секоја година вклучува селекција на околу педесетина уметници од различни места на светот, претставува интернационална платформа која прави изложби кои патуваат низ повеќе градови и држави од светот. Проектот е основан во 2009 година од уметникот и куратор Jeroen van Paassen и предвидено е да трае до 2018 година.
#2 “MUZE MUST DANCE” претставува видео инсталација, поточно објект (куфер), во кој е инсталиран дисплеј на кој се прикажува видео од просторија, односно ателјето на уметникот…
#3 – Внатре е една балерина која се обидува да сфати како се нашла таму, таа го започнува својот танц а воедно ги испитува алатките за сликање обидувајќи да им најде сексуална конотација. Таа не знае дека ја има улогата на муза и дека околу неа се собрани Ван Гог, Дега, Рембрант, Лотрек, Дишан и Чајковски. Ван Гог донесе столче, Чајковски направи чај а Дишан молчеше. Се собраа да разговараат за важни работи околу уметноста. Никој не рече ништо, можеби времето не беше соодветно а можеби сите беа загледани во музата на апсурдот, апсурдот да се сретнат. Така молчејќи и си заминаа без да кажат ништо. Штета што ги пропуштивте, беа многу смешни.
Автор: Ангел Миов
Перформатор: Теа Пупковa

angelmiov.com/works_musemustdance.html

2018-08-21T17:22:01+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 98|