Сакам да бидам ди-џеј
во засолниште за злоставувани жени
да им пеам песни на сабјарките
од дното на окото, удавени ајкули на болката
и да го полнам аквариумот на срцето
со златни рипки.
Но ушите на злоставуваните жени се
јами полни со клетви,
се плашат од секоја гребнатина на усните на зборот
од нож остар како јазик,
од правосмукалката на грлото поставена со свила.
„Жени, жени“, си шепотам,
„Начкрабан сум како страница искината од вашата биографија
а вие сте стихови во блузот што ќе го напишам
во азбуката на периодите кога не сте ништо повеќе
туку месо искорнато од продавниците на пеколниот месар.“
TR:Shirly Someck