– Дали татко ти, музичар, беше оној што те вовлече во блузот и на колку години?
Да. Имав 10 години. #1
– Кои беа твоите први блуз влијанија?
Алберт (Кинг), Фреди Кинг.
– Твојот престој во Европа вроди со албуми инспирирани од рокот и внесе многу европски музичари во твојот бенд. Дали тоа беше природно или беше само фаза во твојата кариера?
Беше полесно да се работи со европски музичари.
– Сега, во САД, се чини дека им се враќаш на корените?
Не сум променет
– Дали имаш снимено многу снимки со татко ти?
Пет или шест.
– Твојот глас е сличен на гласот на Лутер (Алисон). Дали се обидуваш да го емулираш или тоа е природно?
Природно е.
– Дали имаш браќа и сестри и дали и тие ќе се обидат да остварат музичка кариера?
Имам пет сестри и три браќа. Сите пејат, но не професионално.
– Претпоставувам дека ги имаш наследено гитарите на Лутер. Дали планираш со нив да снимаш / да одиш на турнеја?
На турнеја сум со A. Fen.
– Која е твојата основна опрема во моментов?
Стивенс предзасилувач (меса буги). / Stevens Preamp. (Mesa Boogie).
– Кои се твоите омилени блуз музичари, плочи?
Лаки Питерсон. / Lucky Peterson.
– Каква е, според тебе, иднината на блузот? Како ќе се развива?
Да се ползуваат корените и да се измешаат со другите влијанија.
– Дали би сакал да свириш во Македонија?
Секако, би свирел каде било.
– Која е твојата порака за вљубениците во блузот ширум светот?
Дајте ѝ шанса на музиката (чујте ја). Идните генерации на музичари – сите имаат поинаков пристап.
Интервјуто е пополнето во една од соблекувалните при турнејата на Бернард Алисон во јануари ’99.