ИГЛА И КОНЕЦ
Денес, првпат по долго време
зедов во раце игла и конец
и открив дека ми е потешко
да вденам, порано
редовно погодував од прва.
Инаку, крпев еден чорап,
речиси нов, штета да се фрли.
Порано бев мајстор, сега не.
Бездруго, ова би била добра
метафора за стареењето
ама кој уште знае да крпи и шие?
Тоа денес се застарени работи,
а и децата не учат домаќинство на школо.
Се надевам, староста
(ако ја дочекам)
ќе ми биде поубава
од младоста и средните години
зашто во нив
главно бев стар, многу стар…
претежно замислен.
Знам што сакам:
умот да ми биде чист
душата мирна
а телото радосно.
Се надевам дека на старост
ќе подетинам