Катица Гароска Ацевска

//Катица Гароска Ацевска
Катица Гароска Ацевска 2019-12-13T10:04:58+00:00

Project Description

Катица Гароска Ацевска, книжевен преведувач, уредник

Родена во Скопје каде дипломира на Филолошкиот факултет, на катедрите за англиски и француски јазик и литература. Работи во Народната и универзитетска библиотека и во Управата за заштита на културното наследство. Книжевен преведувач од англиски, француски, хрватски/српски/босански, бугарски на македонски: проза, поезија, есеи, за повеќе издавачки куќи. Преводите ги работи најчесто после полноќ, главно во резиденции за преведувачи низ целиот свет.

Има преведувано бројни познати автори: Роалд Дал, Арундати Рој, Џ.Д. Селинџер, Филип Рот, Маргерит Јурсенар, Вирџинија Вулф, Скот Фицџералд, Јукио Мишима, Роберт Грејвс, Џефри Еугенидес, Џон Штајнбек, Кенет Вајт, Агота Кристоф, Филип Давид, Мирко Ковач, Данило Киш, Жак Шесе, В.С. Најпол, Зоран Фериќ, Давид Фоенкинос, Питер Кери, Лоис Данкан, Ежен…

Добитник на наградата за книжевен превод „Златно перо“ 1999г.; на грантот Карл Холенштајн за книжевен превод 2014 од Про Хелвеција и фондацијата С. Фишер и грантот на Про Хелвеција и Меѓународниот Центар за Книжевен Превод во Арл, Франција, 2018г.

Уредник во Културна установа Блесок.
Уредник на списанието Балкански планинарски магазин.
Покрај книжевен превод активно се занимава со планинарење, велосипедизам, скијање. Подеднакво ужива на снег и во вода. Науморен патувач во егзотични места на планетата Земја.

Related Articles