Project Description
Светлана Калезиќ–Радоњиќ е родена во Подгорица 1980 година, на денот кога е објавена првата книга на словенскиот Југ. По образование е докторка по книжевни науки, по професија универзитетска професорка, по вокација поетеса која активно објавува од својата петнаесетта година, по страст рок-музичарка, преведувачка и светска патничка. Објавила седум книги поезија, од кои една на шпански јазик (Од аголот на розата, 1995, Цвеќиња на неделната милост, 1997, Доцнежен дожд, 1998, Да се заузда бездната, 2002, El manuscrito del silencio, Хавана, 2006, Алгебра на оплакувањето 2008, Споредбена граматика на страдањето и страста 2009, како и збирката раскази Евангелие по Утерусот, 2025. Добитничка е на голем број домашни и меѓународни книжевни награди, меѓу кои во домашен контекст најзначајни се „Блажо Шќепановиќ“ (2002), „Ристо Ратковиќ“ (2007), „Спасоје Пајо Благојевиќ“, 2008, награда на ЗУНС за најдобар необјавен книжевен ракопис (2024), а од меѓународните – „Носиде“ (Италија, 2003) и наградата „Honoris Causa“ за извонредност во областа на книжевноста (Грција, 2024)). Работи на Филолошкиот и Филозофскиот факултет во Никшиќ, живее во Подгорица со сопругот и трите деца.