Џек Лондон

/Џек Лондон
Џек Лондон 2018-08-21T17:18:22+00:00

Project Description

Џек Лондон (1876-1916) е американски писател. Тој е еден од првите прозни писатели кои се здобиле со меѓународна слава и заработиле големо богатство од своето пишување. Меѓу неговите најпознати дела се романите Повик на дивината и Белиот песјак, чие дејство се одвива во Аљаска, за време на златната треска во Клондајк, како и расказите „Да се запали оган“ и „Одисеја на Северот“. Пишувал и раскази кои се случуваат во Јужниот Пацифик, а меѓу најпознатите се „Црвениот“ и „Кинезинот“; како и во океанскиот предел околу Сан Франциско, како во романот Морскиот волк, чиј протагонист, капетанот на бродот Духот, Вулф Ларсен, се смета за еден од највпечатливите ликови во американската литература. Мартин Идн, роман со меѓународна слава, се смета за еден од неговите најдобри романи. Во својот есеј „Како станав социјалист”, Лондон ја објаснува својата трансформација од индвидуалист во социјалист, а по овој период безрезервно ги застапува правата на работниците и пишува неколку дела што се занимаваат со овие теми, како антиутопистичкиот роман Железната петица или неговото есеистичко дело Луѓето од бездната.

Related Articles