Јордан Даниловски

/Јордан Даниловски
Јордан Даниловски 2018-08-21T17:17:45+00:00

Project Description

поет, критичар, есеист, романсиер. Роден е во Дебар на 15 јануари 1957 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како заменик директор во Македонската телевизија. Член на ДПМ од 1986 година.
Автор е на книгите: Голтач на пламен (1982), Движење, простор и време (1984), Внатрешен говор (1986), Множење на тишината (1989), Симона и приказните (поезија за деца, 1991), Коба (1992), Симона е златниче (поезија за деца, 1992), Гачки закачки (брзозборки, 1994), Здрач (1994), Она Мона до Симона (поезија за деца, 1994), Книга тма (1996), Лудото легло (поема, 1998). Еден од покренувачите на Стожер и на книжевната манифестација Празник на липите.
Добитник на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“.

Related Articles