Јан Гавура

/Јан Гавура
Јан Гавура 2018-08-21T17:18:01+00:00

Project Description

Д-р Јан Гавура (1975) завршил студии по словачки и англиски јазик, а дополнително уште и студии по католичка теологија. Работи како универзитетски предавач на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Прешов, каде што е посветен на истражување на словачката и на светската литература на дваесеттиот век, на теоријата на литературата и на поетиката на поетскиот текст. Пишува рецензии и стручни текстови за белетристички, уметнички и книжевно-научни дела. Дебитираше со поетската книга Палење на пчелите (2001) за која ја доби наградата „Иван Краско“ за најдобра дебитантска книга на словачки јазик. Во 2006 година ја издаде својата втора поетска збирка со наслов Секое утро си. Автор е и на научна монографија за творештвото на словачкиот современ поет Јан Бузаши (издадена во 2008 година). Интензивно се занимава со книжевен превод од англиски на словачки јазик; составил и издал на словачки јазик повеќе книжни избори на автори од современата британска, ирска и американска поезија и проза.

Related Articles