Фред Џонстон

/Фред Џонстон
Фред Џонстон 2018-08-21T17:17:55+00:00

Project Description

Фред Џонстон е роден во Белфаст во 1951 година. Образованието го стекнал во Белфаст и во Торонто. Во 1972 ја добил книжевната награда Хенеси за проза. Неколку години работел како новинар и како гласноговорник. Кон крајот на 1970-тите се сели во Галвеј, каде во 1986 го основал годишниот фестивал за книжевност Куирт. Неодамна, го основаше Western Writers’ Centre, првиот од таков тип во Галвеј за оние кои се заинтересирани за креативно пишување. Ја проследува современата поезија за голем број списанија. Од детството е заинтересиран за народната музика, а во 1990-ите ја формирал групата Parson’s Hat, која објавила два албуми. Автор е и на еден соло албум. Патува често, најмногу во Франција, каде редовно одржува читања и предавања. Некое време живеел во Алжир. Дел од неговата проза и поезија се под влијание на современата француска книжевност.

Related Articles