Ури Холандер

/Ури Холандер
Ури Холандер 2018-08-21T17:18:01+00:00

Project Description

Ури Холандер (1979) е поет, преведувач, музичар, книжевен критичар и новинар. Дипломирал со највисоки оценки на Израелскиот музички конзерваториум во Тел Авив во 1997 година. Во 2002, студирал на катедрата за Хебрејска библија на Универзитетот во Тел Авив, а од 2002 до 2005 бил студент на интередисциплинарната програма за даровити студенти Ади Лаутман, на Универзитетот во Тел Авив. Во 2005 година магистрирал Еврејски студии на истиот универзитет, а во моментов е докторант на катедрата за Хебрејска книжевност при Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
Ги објавил книгите Белешки од чудесниот панаѓур: есеи за модерната поезија (2002), хебрејски превод на Избрани песни од Е. Е. Камингс (2003), книга поезија Скитачко пијано (2005), хебрејски превод на Избрани песни од Макс Јакоб Вистиниски чуда (2006), Портрет на работ од темнината: есеи за поезијата на Израел Хар (2007), CD со песни и класична музика Деновите на Конзерваториумот во Тел Авив (2007).
Добитник е на неколку награди, меѓу кои и од поетскиот фестивал Метула и од израелското Министерство за образование. Живее и работи во Тел Авив, Израел.

Related Articles