Трајан Петровски

/Трајан Петровски
Трајан Петровски 2018-08-21T17:17:46+00:00

Project Description

поет, раскажувач, романсиер, публицист, преведувач. Роден е на 31 јануари 1939 година во с. Арбиново, Охридско. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, секретар на ДПМ. Бил амбасадор на Република Македонија во Турција, Кралството С. Арабија, Обединети Арапски Емирати и Централно-азиските држави.
Автор е на книгите: И падина и гороцвет (поезија, 1964), Опаленик (поезија, 1967), Благослов на лебот (поезија, 1969), Водици (поезија, 1969), Дреновина (поезија, 1971), Огненото лице на Дебарца (монографија, 1972), Вовчето Киро (роман за деца, 1973), Горчлив австралиски патопис (1974), Ни ден ни гробнина (поезија, 1974), Говорот на селаните (поезија, 1980), Време Литово и Аждерово (раскази, 1982), Запеј, запеј (песни за деца, 1982), Старо лозје (поезија, 1983), Анадолските ветрови (поезија, 1983), Сфинга (поезија, 1985), Девствена причесна (роман, 1985), Асхаровци (роман, 1987), Каирска магија (запис, 1988), Смалувањето на човекот (раскази, 1988), Житија караормански (записи, 1989), Разговори со Прличев (поезија, 1989), Заклетва за простодушните (роман, 1991), Дервишки прстен (роман, 1994), Здравица за потомците (роман, 1995), Босфорско завештание (поезија, 1996), Верување во Охрид (поема, 1996), Живеам во Азија (поезија, 2000), Беседења по дервишки (поезија, 2000).
Добитник е на наградите: „Рациново признание“, „Кочо Рацин“, „Детска Радост“, „Ванчо Николески“, „Григор Прличев“, „Златен Јупитер“ на градот Тосија (Турција), „Златно перо“ и „Повелба на градот Охрид“.

Related Articles