Тарек Елтаеб

/Тарек Елтаеб
Тарек Елтаеб 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Тарек Елтаеб е роден во 1959 година во Каиро, од родители со суданско потекло. Во родниот град го завршува основното и средното образование и дипломира на Факултетот за трговија во 1981 година.
Од 1984 година живее и работи во Виена, каде што и докторирал економски и социјални науки. Денес работи како професор на Универзитетот за административни работи во Кремс, Австрија.
Пишува на германски и арапски. Книжевните текстови ги објавува во голем број европски и арапски списанија.
Учесник е на бројни меѓународни книжевни фестивали: Маастрихт, Лемберг, Даблин, Виена, Дорнбрн, Струга, Поиетје…
Автор е на два романи (Градови без палми, 1992; Куќата на палмите, 2006), неколку збирки поезија, една драма и една книга раскази. Делата му се објавени во Египет, Австрија, Франција и Македонија (избор од поезијата, Камен поголем од небото, СВП 2005, едиција Плејади).

www.eltaeb.at

Related Articles