Славко Јаневски

/Славко Јаневски
Славко Јаневски 2018-08-21T17:17:45+00:00

Project Description

поет, раскажувач, романсиер, сценарист, сликар. Роден е во Скопје на 11 јануари 1920 година. Починал во Скопје 2000 година. Завршил техничко училиште. Бил директор и главен уредник на издавачката организација „Македонска книга. Бил уредник на списанијата Нов ден, Современост и Хоризонт. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на МАНУ (1967). Бил претседател на Советот на СВП. Член на ДПМ од 1946 година. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Автор е на книгите: Крвава низа (поезија, 1945), Пруга на младоста со Ацо Шопов (поезија, 1946), Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946), Распеани букви (поезија за деца, 1946), Милиони маченици (поема за деца, 1948), Егејска барутна бајка (поезија, 1949), Песни (1950), Улица (повест, 1950), Лирика (1951), Село зад седумте јасени (роман, 1952), Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952), Кловнови и луѓе (раскази, 1956), Две Марии (роман, 1956), Леб и камен (поезија, 1957), Месечар (роман, 1959), Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959), Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959), Горчливи легенди (патописна проза, 1962), И бол и бес (роман, 1964), Стебла, нова верзија на Село зад седумте јасени (роман, 1965), Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966), Црни и жолти (поезија за деца, 1967), Каинавелија (поезија, 1968), Тврдоглави (роман, 1970), Омарнини (раскази, 1972), Ковчег (раскази, 1976), Оковано јаболко (поезија, 1978), Астропеус (поезија, 1979), Змејови за игра (поезија, 1983), Миракули на грозомората трилогија: Легионите на Свети Адонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (1984), Девет Керубинови векови (роман, 1987), Глуви команди (поетски избор, 1988), Песји шуми (поезија, 1988), Чудотворци (роман, 1988), Рулет со седум бројки (роман, 1989), Скаменетиот Орфеј (поетски избор, 1990), Пупи Паф (проза во стихови за деца, 1991), Зад тајната врата (раскази, 1993), Континент Кукулино (проза, 1996), Пупи Паф во Шумшул град (книга за деца, 1996), Пупи Паф гледа од вселената (1996), Пупи Паф господар на соништата (1996), Депонија (роман, 2000).
Добитник на наградите: „11 Октомври“, АВНОЈ, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“, „Мирослав Крлежа“, за книжевен опус на ИРО „Мисла“, „Кочо Рацин“, „Македонско слово“.

Related Articles