Силард Подмазницки

/Силард Подмазницки
Силард Подмазницки 2018-08-21T17:17:53+00:00

Project Description

Силард Подмазницки (1963) живее во Сегедин каде што дипломирал математика и физика. Од 1993 објавил девет книги, а од 1996 живее како професионален писател. Има добиено неколку значајни унгарски книжевни награди. Пишува проза (Леопардот го зема листот со обете раце, роман, 2001), поезија (… хидраулична невеста…, 2000), проза за деца. Во 1999 неговата книга Слики од пештерата на устата (минималистичка проза) беше прогласена за книга на годината во Унгарија. Во 2004 ја објави книгата Вонвременски седмерец, роман во три дела. Пишува фељтони за унгарските списанија и весници. Исто така е и драматург, сценарист, фотограф и цртач. Неговите дела се преведени на англиски, германски, словачки и бугарски.

Related Articles