Родан Ал Галиди

/Родан Ал Галиди
Родан Ал Галиди 2018-08-21T17:18:20+00:00

Project Description

Родан Ал Галиди е писател со ирачко потекло. Бидејќи во неговата родна земја не се регистрирале раѓањата, точниот датум на раѓање не му е познат. Студирал за инженер во Ирак пред да избега од воена служба, пристигнувајќи во Холандија во 1998 година. Меѓутоа, неговото барање за азил е одбиено, па бидејќи не му било дозволено да посетува официјални курсеви по холандски јазик, самиот го научил јазикот и почнал да пишува. Сега се смета за холандски писател и добива стипендии од холандски и од фламански институции.
Во 2007 година, Родан беше еден од оние кои добија општа амнестија од холандскиот парламент, како баратели на азил кои во земјата пристигнале пред 2001 година; сè уште живее таму.
Пишува поезија и проза. Во 2010 година ја доби Наградата за книжевност на Европската Унија за својот роман Аутистот и гулабот писмоносец, кој е преведен и на македонски јазик.

Related Articles