Роберт Алаѓозовски

/Роберт Алаѓозовски
Роберт Алаѓозовски 2018-08-21T17:17:48+00:00

Project Description

Роберт Алаѓозовски е роден на 27.10.1973 год. во Струмица, СФРЈ. Следејќи го генералниот социо-економски и политичко-културолошки тренд во својата земја има отворено интелектуален драгстор (со нерегистрирана фирма), што работи нон-стоп. Од неговото дуќанче досега излегло:

– магистратура на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје (на тема „Теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза“);
– зборник уметнички и неуметнички текстови „Флорилегиј“ (на интернет, во издание на Блесок);
– преку 150 рецензии, критики, есеи, прилози и дузина студии од областа на филмот, литературата, театарот и од интердисциплинарни теми, објавени во повеќе весници и списанија: „Кинопис“, „Наше Писмо“, „Блесок“, „Сум“, „Маргина“, „Идентитети“ „Сцена“, „Театарски гласник“,„Студентски збор“, „Дневник“, „Балканис“, „Транситионс он лине“, „Тиме.цом.Еуропе“;
– неколку преводи на текстови и книги за Маргина, Блесок, Магор, Евробалкан;
– Учество на неколку симпозиуми, семинари, летни школи, дебати (во организација на Кинотеката на Македонија, Филолошкиот Факултет од Скопје, Трансјуропиан – Париз, Евробалкан – Скопје, Женски Студии – Загреб, Темплум, Точка и др.);
– соработка со Македонската Телевизија и Телевизија Сител;
-учество во два изборни циклуси (Локални 2000 и Парламентарни 2002).

За својата успешна работа и совесно залагање ги има добиено следниве признанија и статусни симболи:
– уредник за култура во „Студентски збор“ (2000-2002);
– уредник за театар во интернет списанието „Блесок“ (2002-2005)
– награда на поетскиот фестивал „Поткозјачки средби“, Куманово (1994)
– откупна и втора награда на Конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, (1996 и 1997 година);
– учество во антологијата на краток расказ на Катица Ќулавкова „Царски Рез“;
– претседател на ФСМ (Феријален Сојуз на Македонија)
– претседател на Лигата за Демократија (0.4% популарност)
– претседател на Бордот на Транјуропиан-Македонија (во процес на затварање).

Во хороскопот е Шкорпија-Близнаци-Шкорпија…

e-пошта: ralagoz@freemail.org.mk

Related Articles