Петар Чухов

//Петар Чухов
Петар Чухов 2019-10-17T08:03:24+00:00

Project Description

Петар Чухов е роден на 23 мај 1961 година во Софија, Бугарија. Објавил 11 збирки поезија, роман, две збирки кратки раскази и книга за деца. Неговите дела се преведени на 20 јазици и објавени се во голем број весници, списанија и антологии во Бугарија и во странство. Свири гитара во рок-групи, пишува музика и текстови. Петар настапувал како писател и музичар на фестивали и други настани во Јапонија, САД, Русија, Швајцарија, Шведска, Германија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Литванија, Турција, Романија, Словачка и Македонија. Тој е добитник на првата награда на 61. Башо фестивал во Јапонија и на многу други награди. Од неодамна настапува со рок-бендот „ЛаТекст“ (latext.eu), а настапувал и со групите „Гологан“ и „Пар авион бенд“.

Член е на Управниот одбор на Бугарскиот ПЕН, Друштвото на бугарските писатели, Софија хаику клуб, Светската хаику асоцијација и Музикаутор.

Related Articles