Пат Боран

/Пат Боран
Пат Боран 2018-08-21T17:17:56+00:00

Project Description

Пат Боран (р. 1963, Портлиш, Ирска) е поет и писател, меѓу чии збирки поезија се Ненавиениот часовник (1990; добитник на престижната ирска награда Патрик Кавана во 1989), Познати нешта (1993), Обликот на водата (1996) и Како раката, ракавицата (2001). Автор е и на популарниот прирачник за писатели Портабл работилница за креативно пишување (прво издание 1998, ново и дополнето издание: New Island, 2005), како и на неколку книги проза за деца и возрасни.

Боран живее во Даблин каде што раководи со издавачката куќа Dedalus Press (www.dedaluspress.com) која издава современа поезија од Ирска и поезија во англиски превод од интернационални автори. Покрај тоа, ја води полчасовната неделна емисија за поезија The Enchanted Way (http://www.rte.ie/radio1/theenchantedway/) на ирското национално радио РТЕ.

Овој избор е направен од неговата збирка Нови и избрани песни, објавена од Salt Publishing, 2005 (Кембриџ, Велика Британија; www.saltpublishing.com). Интернет страницата на Пат Боран е www.patboran.com.

Related Articles