Оливера Ќорвезироска

//Оливера Ќорвезироска
Оливера Ќорвезироска 2019-06-14T19:15:43+00:00

Project Description

ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи. Автор е на следниве книги: „Страдањата на младиот лектор“, „Сплетени раскази“, „Две перници“, „Сошиени раскази“, „Новелички без шеќер“ и „Улиците што ги нема“ (раскази за возрасни); „Заклученото тело на Лу“ (роман за возрасни), „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“ (сликовница заедно со Глигор Костовски-Гишо); „Отвораат ли сништата работа“ и „Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика); „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија).

Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, турски, чешки, српски, словенечки, бугарски, полски и руски јазик.

Повеќекратен добитник е на сите значајни награди за расказ во Македонија, а за „Сплетени раскази“ ја има добиено наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија за 2003 година. Нејзиниот расказ „Агенција за случки“ e избран за во антологијата „Best European Fiction 2019“

Related Articles