Ненад Јолдески

/Ненад Јолдески
Ненад Јолдески 2018-08-21T17:18:24+00:00

Project Description

Ненад Јолдески е роден во 1986 година во Струга. Дипломирал на државниот Економски факултет. Магистрирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност на државниот Филолошки факултет на тема „Интертекстуална иронија во модерниот и постмодерниот расказ“.
Автор е на првонаградената книга на конкурсот НОВИТЕ (2009) „Штамата на Енхалон“ – збирка раскази напишани на струшки дијалект и сленг. Неговата втора збирка раскази е насловена „Секој со своето езеро“. Уредник е на збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“. Книгата содржи шест раскази посветени на доктор Никола Незлобински и неговата жена Софија Незлобинска.
Јолдески е и еден од основачите на ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам), формирана во 2013 година во Струга и фестивалот за процесирање култура ДРИМON.
Јолдески е застапен во неколку антологии на млада поезија и проза, како и во неколку балкански списанија. Неговата поезија до сега не е објавувана, но перформативно е изведувана на фестивалите БОШ, УФО, ДРИМON.

Related Articles