Нева Лукиќ

/Нева Лукиќ
Нева Лукиќ 2018-08-21T17:18:27+00:00

Project Description

Нева Лукиќ е родена 1982 година во Загреб. Дипломирала историја на уметност и археологија во Загреб, и магистрирала Теорија на модерната и современата уметност на Универзитетот во Лајден во Холандија. Активна е како книжевник, ликовен критичар и кустос. Нејзините песни и раскази се објавени во разни списанија и зборници, а учествувала и на различни читања/фестивали за проза и поезија. Објавила четири книги на хрватски јазик: „Луѓе без парк“ (раскази, 2009), „Фустанот Obscura“ (поезија, 2011), „Сенките на семките“ (поезија, 2015) и „Море и запрени раскази“ (раскази, 2016). Соработува со уметници од други уметнички подрачја со цел да создаде интердисциплинарни трудови блиски до видеоуметноста, книжевниот перформанс односно до визуелната поезија.

Related Articles