Митко Маџунков

/Митко Маџунков
Митко Маџунков 2018-08-21T17:17:46+00:00

Project Description

романсиер, раскажувач, драмски автор, есеист. Роден е во Струмица на 19 март 1943 година. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на Филолошкиот факултет во Белград на групата општа книжевност и теорија на книжевноста. По дипломирањето останува да живее во Белград. Работи во Библиотеката на град Беград.
Автор е на книгите: раскази – Чудна средба (Белград 1970), Уби го зборливото куче (Белград 1973), Над троскотот облаци (Скопје 1974), Мирисот на земјата (Скопје 1984). Куси прози: Меѓата на светот (Скопје 1990), Бегството и повторното раѓање на зографот, Дрвото на Нарајана (Скопје 1998). Романи: Кула на Ридот (Скопје 1981), Домот на Александар (Скопје 1992), Кон другата земја (Скопје 1993). Автор е на повеќе драми изведувани на театарските сцени и објавувани во посебни книги.
Добитник е на наградата Рациново признание.

Related Articles