Мирча Картареску

/Мирча Картареску
Мирча Картареску 2018-08-21T17:18:18+00:00

Project Description

Мирчa Картареску, роден 1956 год. во Букурешт, се вбројува во еден од водечките романсиери и лиричари на Романија, кандидат за Нобеловата награда за литература кој оваа година се најде во најтесниот избор за наградата. Картареску е поет, романсиер, есеист, преведувач, книжевен критичар и новинар. Од 1980 до 1989 год. работи како професор по романски јазик, потоа за Здружението на писателите и како уредник на списанието “Caiete Critice”. Во 1991 год. станува доцент на Одделот за историја на романската книжевност на универзитетот во Букурешт, а од 1994 до 1995 год. предава како визитинг-доцент во Амстердам. До сега објавил неколку поетски книги и повеќе романи. Неговите дела се преведени на повеќе европски јазици. Мирча Картареску е повеќекратно наградуван како во земјата, така и во странство.

Related Articles