Project Description
Лазо Плавевски (1954, Скопје), историчар на уметноста, ликовен критичар и куратор. Дипломирал на групата Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1978). Од 1982 тој е кустос во Музејот на град Скопје. Подготвил повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и Европа, а во 2007 тој е назначен за комесар на македонското претставување на Биеналето во Венеција. Член е на редакцијата на списанието Големото стакло.