Кристина Зимбакова

/Кристина Зимбакова
Кристина Зимбакова 2018-08-21T17:17:48+00:00

Project Description

Родена е на 8 мај 1975 година во Струмица, каде завршува основно и средно образование. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје (1999), на групата за англиски јазик и книжевност – преведувачка и наставна насока. Една година го посетува колеџот Ealing Tertiary College во Лондон, каде (1998) се здобива со сертификат за одлично владеење со англискиот јазик – Cambridge Proficiency.
Нејзина посебна преокупација е превод на поезија. Почнувајќи од април 2000 година преведува книжевни текстови и поезија од македонски и англиски за списанието на Интернет – Блесок, меѓу кои е поважен изборот на поезија од Силвија Плат и Леонард Коен. Овде објавува и сопствен есеј под наслов Кругот се отвора – надвор постои живот. За Блесок го превела од македонски на англиски филозофското дело Големата градба и други разговори со Непознатиот од Ферид Мухиќ.
Член е на Претседателството на Македонското миколошко друштво, во рамките на кое учествува во различни домашни и меѓународни проекти, каде предмет на истражување се габите. Преведува и стручни текстови од областа на микологијата.
Освен со изучување на габите, се занимава и со апстрактно сликарство.
Од 1999 година работи како преведувач во Центарот за печат и информации на НАТО во Скопје.

Related Articles