Коле Чашуле

/Коле Чашуле
Коле Чашуле 2018-08-21T17:17:47+00:00

Project Description

романсиер, драмски писател и публицист. Роден е 1921 година во Прилеп. Бил на разни функции во општествениот и културниот живот. Бил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“. Бил директор на драмата при Македонскиот народен театар. Бил конзул во Канада и амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил. Еден од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија. Бил претседател на ДПМ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Независни писатели на Македонија.

Автор е на следните дела: ДрамиЕдна вечер (1948), Последните гаврани (1950), Задруга (1950), Вејка на ветрот (1957), Бразда (1958), Црнила (1960), Игра или социјалистичка Ева (1961), Градскиот саат (1965), Вител (1966), Партитура за еден Мирон (1967), Земјаци (1967), Тројца и вистината (1967), Како што милувате: Оставка на еден карипски министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв од највисоката власт (1975), Суд (1978), Житолуб (1981), Дивертисман за еден Стрез (1967-1990), Роднокрајци (1987), Тибурсио и Синфороса, (1988), Вејка, два (1989), Сон прв (1991), Сон втор и по него друг (1992), Модус мориенди (1992), Лакримула (1993), Маркучот во четири гласа (1995). РоманиПростум (1970), Премреже 1-2 (1977), Вомјази (1981), Имела (1982), Горчила (1983), Канадски фрагменти (1985), Конзулски писма (1987), Така е, ако ви се чини (1994), Лимб (2002), , Тој што нема име (2004). Книги расказиПрвите дни (1950), Раскази (1953), Само сказни (2000). Книги есеиЗаписи за нацијата и литературата (1985), Нови записи (1989), Македонски дилеми (1992), Резиме за мојата генерација (1998), Болно племе (2000).

Член е на МАНУ.

Добитник е на наградите: За драмски опус „Марин Држиќ“, „11 Октомври“, и „Стале Попов“, „Стериина награда“, Награда за книжевен опус на „Мисла“, „4 Јули“ и други.

Related Articles