Ирена Јорданова

/Ирена Јорданова
Ирена Јорданова 2018-08-21T17:17:58+00:00

Project Description

Ирена Јорданова е родена на 08.09.1980 година во Скопје. Средно образование завршува во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а дипломира на Филолошкиот факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Нејзиниот расказ „Улици“ е објавен во заедничкото издание на студентите од Општа и компаративна книжевност наречено Пресметка кај ОКК. Работела како новинар во дневниот весник „Утрински весник“, и била уредник на македонскиот online lifestyle магазин Dynamic. Во моментов го подготвува за издавање нејзиниот прв роман Помеѓу како дел од едицијата “Проаза” и работи на драмски текст под наслов Како да спасиш живот. Ирена е студент на постдипломските студии по Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет.

Related Articles