Илија Велев

/Илија Велев
Илија Велев 2018-08-21T17:18:24+00:00

Project Description

Проф. д-р Илија Велев (1959) е универзитетски професор, научен работник и книжевен творец, а работи како редовен професор и научен советник во ЈНУ Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на околу 350 научни книги, студии и статии од областа на медиевистиката, византологијата, палеославистиката, историографијата, културологијата и науката за книжевност. Меѓу нив се и монографиите Византиско-македонски книжевни врски (Скопје 2005 и 2012), Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност (Скопје 2014), а се подготвуваат за печатење и монографијата Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители (УКИМ, Скопје 2016) и Историја на македонската книжевност. Том 2. Просветителство XV-XVIII век (Скопје 2016). Како книжевен творец е автор на поетско-белетристички и критичко-есеистички книги, при што и долги години е член на Друштвото на писателите на Република Македонија. Беше последен раководител на научната единица Институт за македонска литература при Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а по формирањето на ЈНУ Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје стана негов прв вд директор во два мандата. Беше член на Ректорската управа и во два мандата сенатор на Сенатот при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и член на Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија. Во својство на главен истражувач или како реализатор учествувал во повеќе домашни и меѓународни научно-истражувачки проекти, а вршел универзитетска професорска дејност на додипломски, последипломски и на докторски студии на македонските универзитети и во својство на визитинг предавач во некој од странските универзитети и научни центри. Бил главен редактор и член на редакцијата на повеќе научни и културни списанија или зборници во Република Македонија и во странство, а учествувал во стручни и експертски комисии на државно, меѓународно и на универзитетско ниво.

Related Articles