Игор Тошевски

/Игор Тошевски
Игор Тошевски 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

ИГОР ТОШЕВСКИ роден во 1963 година во Скопје. Дипломирал на отсекот за графика на Академијата за ликовни уметности во Хелсинки, Финска, во 1988 година. Mагистрирал вајарствово 2011 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 1980-тите, учествува во формирањето и работата на неколку уметнички колективи во Македонија, меѓу кои групата Зеро (1985-1990) која одигра значајна улога во појавата и развојот на алтернативната ликовна сцена во Македонија. Како еден е од основачките членови на иницијативата Кооперација (2012-2015), тој активно учествува во конципирањето и реализацијата на бројните настани, меѓу кои групни изложби, колаборативни проекти, симпозиуми, презентации и панел-дискусии одржани во земјата и во странство.
Во неговиот творечки опус, Тошевски преку бројни акции, интервенции, инсталации и долгорочни проекти кои се засноваат на концептуални и мултимедијални реконтекстуализации, ги истражува комплексните релации меѓу уметноста и нејзината радикална улога во општествено-политичкиот контекст. Неговите дела се однесуваат на прашањата за позициите на моќ, пропагандата, цензурата, (зло)употребата на јавниот простор, институционалната рамка и бирократизацијата, релациите на видливото и затскриеното, како и дијалектичкиот однос помеѓу слободата и ограничувањата.

Related Articles