Игор Мароевиќ

/Игор Мароевиќ
Игор Мароевиќ 2018-08-21T17:17:51+00:00

Project Description

Игор Мароевиќ е роден во 1968 година во Врбас. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград.
Ги има објавено романите Измамата на Бога („Стубови културе“, 1997) и Дваесет и четири ѕида („Стубови културе“, 1998). Белградското Драмско позориште ја има ставено во својата програма за 2002/03 година драматизацијата на Мароевиќевиот втор роман Дваесет и четири ѕида што, според драмската адаптација на Саша Маркуш, треба да ја режира Жанко Томиќ. Збирката раскази Трагачи исто така ја има објавено во издавачката куќа „Стубови културе“ во 2000 година. Уредник е на едицијата „Роман“ во издавачката куќа „Александрија прес“ и помошник на главниот и одговорен уредник на списанието „Библиотека Александрија“. Соработник е на љубљанска „Апокалипса“, на екс-југословенскиот „Балканис“, како и на загрепските списанија „Либра Либера“ и „Кворум“. За еден од последните броеви на спомнатиот „Кворум“ приредувач е на краток избор од современата српска проза. Последниве две години Игор Мароевиќ живее во Барселона, каде што на Универзитетот Аутонома е запишан на програмата за постдипломски студии по компаративна книжевност.

Related Articles